/ Прочитано:

941

Иџет Мемети: Видео надзорот во просториите за лишување од слобода мора да е во рамнотежа со заштитата на човековите права

Петок, 10 мај 2013 – Македонија има потреба од подобрување на условите и третманот на притворениците и осудениците, истакна народниот првобранител Иџет Мемети на денешната работилницата за видео надзор во просториите каде лица се задржуваат и лишуваат од слобода. 

Народниот правобранител Иџет Мемети, на денешната работилница за видео надзор во притворските одделенија, полициските станици и психијатриските болници, истакна дека во земјава има потреба од подобрување на условите и третманот на притворениците, осудениците и сите лица кои се задржани во вакви слични установи.

Народниот праобранител Мемети додаде дека е неопходно да се постигне рамнотежа меѓу целта заради која е поставен видео надзорот и заштитата на човековите права на лицата кои оправдано се задржани и вработените во полииските станици, истражните затвори и казнено поправните домови.

Првиот човек на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Димитар Ѓеоргиевски најави инспекции и преземање превентивни механизми за подобрување на состојбите во затворите, полициските станици и психијатриските болници.

Денешната работилница на тема „Видео надзор во местата на задржување“ присуствува Народниот правобранител Иџет Мемети, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци Димитар Ѓорѓиевски и раководителот на одделот за правда и антикорупција во Делегацијата на ЕУ во Македонија, Манфредас Лимантас.

Работилницата е во организација на ЕУ Инструментот за техничка помош и размена на информации, а во соработка со Народниот правобранител и Дирекцијата за заштита на личните податоци.