/ Прочитано:

685

„Има решение“ – Кампања за медијацијата како побрза и поекономична постапка

Министерот за правда  под слоганот „Има Решение“ го најави почетокот на кампањата за промоција на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите и подигнување на свеста кај граѓаните за придобивките од нејзината примена.

Алтернативното решавање спорови преку медијација е голем чекор напред не само во насока на забрзување и ефикасност на решавањето спорови, туку и во насока на помодерно решавање на споровите воопшто. Од решавањето на споровите по пат на преговори, корист имаат не само поединците туку и општеството во целост.

Медијацијата е важна  и позитивни се ефектите од нејзината примена. Овој начин на вонсудско решавање спорови е поедноставен, трае пократко, чини помалку, доверлив е и без негативни ефекти.

Со користење на медијацијата се намалува бројот на судски предмети и се отвора простор судовите уште поефикасно и ефективно да ја извршуваат својата функција.

М.В