/ Прочитано:

866

Именувана прва жена на чело на Тајната служба на САД

Среда, 27 март 2013 – Џулија Пирсон стана прва жена шеф на Тајната служба во САД откако американскиот претседател Барак Обама вчера ја наименува на оваа функција. Пирсoн има 30 годишно искуство во агенцијата која ги заштитува претседателот и неговото семејство и истражува финансиски криминал.

Со назначувањето на првата жена на чело на Тајната служба, американскиот претседател Обама изразува желба за промени во таа служба во која доминираат мажи и чиј углед е оштетен по скандалот со проститутките, се вели во соопштението од Белата куќа.

Во вчерашната изјава, Обама рече дека Пирсон доследно ги изразува духот и посветеноста што мажите и жените од оваа служба ги демонстрираат секој ден. За назначување на Пирсон не е потребна потврда од Конгресот. Пирсон, ќе го наследи Марк Саливен, кој го објави своето повлекување во февруари. 
Оваа служба беше под критики за време на неговиот мандат поради скандалот со проституција за време на подготовките за посетата на Обама во Колумбија минатата година.