/ Прочитано:

1.124

Индекс на цените на угостителските услуги 

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година, во споредба со април 2018 година, е намален за 0,1 %. Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите: храна за 0,1 %, алкохолни пијалаци за 0,1 % и безалкохолни пијалаци за 0,1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,6 %. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,6 %, додека во однос на декември 2017 година е зголемен за 0,9 %“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

М.В