/ Прочитано:

704

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, февруари 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6% на месечно и за 18.5% на годишно ниво.

Во февруари 2022, во споредба со јануари 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Капитални производи за 0.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4%.

Во февруари 2022, во споредба со февруари 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 33.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 22.1%, Капитални производи за 35.9%, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.9%.