/ Прочитано:

1.440

Индекси на прометот во секторот Трговија

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 8.0%, а реално за 6.0%) и трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 8.7%, а реално за 8.6%).
Намалување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10.2%, а реално за 9.3%) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 2.2%, а реално за 3.2%).