/ Прочитано:

1.252

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2022 година

Соопштение на Државниот завод за статистика:

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на цените на мало изнесува 101.5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај млекото за 7.3 %, јајцата за 6.0 %, свежото и разладеното овошје за 5.9 %, лебот и житата за 5.0 %, пивото за 2.9 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.3 %, кафето, чајот, какаото за 1.2 %, виното, цигарите за 0.9 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.2 %. Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8.2 %, течните горива за домаќинствата за 8.1 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.1 %, патниот патнички транспорт за 5.2 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 5.1 %, другите медицински производи за 5.0 %, домашните миленици и сродните производи за 4.9 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 4.8 %, теписите и другите подни покривки, туристичките аранжмани за 3.4 %, парамедицинските услуги за 3.1 %, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, медиумите за снимање за 3.0 %, моторните возила за 2.8 %, производите за домаќинство – нетрајни, стоматолошките услуги за 2.7 %, рестораните, кафулињата и сл. За 2.6%, одржувањето и поправките на сопствените превозни средства за 2.1 %, велосипедите за 1.9 %, малите електрични апарати за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата за 1.8 %, големите алатки и опрема, фризерските салони и центрите за разубавување, електричните апарати за лична хигиена за 1.7 %, накитот, часовниците и рачните часовници за 1.6 %, актуелните ренти исплатени од станарите за 1.5 %, услугите за одржување и поправките на живеалиштето, цврстите горива за домаќинствата за 1.3 %, мебелот и покуќнината, малите алатки и останатите додатоци, медицинските услуги, другите услуги за опремата за сопствен превоз, другите печатени материјали, услугите за сместување за 1.0 %, терапевтските помагала и опремата за 0.8 %, големите електрични апарати за домаќинствата, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другото образование за 0.7 %, фармацевтските производи за 0.6 %, другите лични предмети за 0.5 %, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.4 %, облеката, другата облека и додатоците за облека, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, другите услуги неспоменати на друго место за 0.3 %, ткаенините за изработка на облека, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, текстилот за домаќинствата за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.6 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 9.4 %, социјалната заштита за 1.1 %, игрите, играчките и хобијата за 1.0 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.7 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.6 % и кај обувките за 0.4 %.

Индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на март 2021 година, бележи зголемување од 8.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 9.6 %.“