/ Прочитано:

1.046

Индија ќе оформи специјален суд во кој ќе работат само жени

Четврток, 24 јануари 2013 година – Поттикнати од последното групно силување на студентката во автобус од кое се згрози целата светска јаност, Индија ќе добие специјален суд оформен само од жени кој ќе се справува со злосторства врз жените. Првиот суд во серијата судови кои се планирани да се основаат низ целата земјата ќе биде сместен во сојузната држава  Западен Бенгал. 

Првиот специјален суд ќе биде оформен во Западен Бенгал, а понатаму ќе се оформат серија вакви судови низ целата Индија. Во специјалните судови судскиот совет ќе биде составен од 2 жени. Не само судиите туку и целата судска администрација и сите застапници на странките исто така ќе бидат жени.

Индиските судии сметаат дека ова е полесен и побрз начин жените во Индија да имаат можност да ја задоволат правдата поради злосторствата врз нив. По грозоморното групно силување врз индиската студентка што неодмна се случи во автобус во градот Њу Делхи, судските власти добивале се повеќе повици со цел да се најде решение како жените да имаат побрзи и поефикасни судење.

Судијата Арон Кумар Мишра од судот во Kалкута кој преставува најстариот Врховен суд во Индија, потенцира на „тајност за време на судењата“ најавувајќи дека еден од приоритетите на женскиот суд ќе биде токму тоа. Судијата Мишра веќе издал наредба да се направат подготовки за основањето на серијата на вакви специјални судови. 

Во градот Калкута веќе се именуваат женски судии и се избира судска администрација која ќе има задолжение да им помогне на силуваните и малтретираните жени во нивното опоравување. 

„Кога мажите се наоколу, жените кои се жртви им е непријатно да зборуваат и да дадат детали за изживувањето врз нив. Се срамат. Во овие судови жените ќе почувствуваат пријателска атмосфера и послободно ќе се изразат кога сите присутни ќе бидат жени’“, изјави генералниот секретар на форумот за правна помош на цела Индија. 

Исто така медиумите пренесуваат дека во Индија се повеќе се коментираат судиите мажи кои често знаат да бидат пристрасни спрема машкиот пол кога ги сослушуваат исказите на малтретираните жени. 

Во средата се разгледувале законите во Индија за сексуалното злосторства врз жените каде се повикало на подолги и построги казни за осудените силувачи.