/ Прочитано:

902

Инфографик за работничките права во текстилната индустрија во периодот февруари – декември 2018

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија, го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавање инфографици кои имаат за цел да ја информираат јавноста за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, за пријавени случаи на прекршувања на правата, за поведени постапки пред надлежен инспекторат и суд и за утврдени прекршувања. Инфографикот на кој се претставени податоците за периодот февруари – декември 2018 година можете да го преземете на следниот линк.