/ Прочитано:

802

Инфографик за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го спроведува проектот „Правно зајакнување на текстилните работнички за самозастапување“. Една од активностите во рамките на овој проект е издавањето инфографици, чија цел е јавноста да се информира за состојбата со работничките права во текстилната индустрија, со пријавените случаи на прекршувања на работнички права, со бројот на работници опфатени со параправната помош, со видот и со бројот на обезбедени услуги, со бројот и со видот на постапките поведени пред надлежните органи и утврдените прекршувања.

Инфографикот за состојбата со работничките права на текстилните работнички и работници, февруари – септември 2018 може да се преземе на следниот линк.