Инфраструктурата клуч за поврзување со глобалниот пазар
Најголемиот глобaлен бизнис настан, 10. Светски коморски конгрес, кој се одржува на секои две години на различен континент и обединува над 1200 делегати од повеќе од 100 земји од целиот свет, оваа година се одржува во Сиднеј. На тридневниот конгрес највлијателните бизнис лидери ќе истакнат стратегија за глобален настап за 2018-2020 година.
По покана на организаторите, Интернационалната стопанска Комора (ICC) и Светската федерација на комори (WCF), претседателот на ССК, Даниела Арсовска е панелист и претседавач на сесијата посветена на инфраструктурата, со што Република Македонија за прв пат во 20 години од почетокот на одржување на конгресот претседава со тематска сесија на овој светски настан.
Арсовска ја отвори сесијата со студија на случај и дискутираше за потребите од инвестиции во инфраструктурата заедно со Тоебен Гери од САД, претседател на Стопанската комора во Лос Анџелес, Брер Адамс, директор на Г20 Глобален инфраструктурен хуб, Мишел Керф, регионален директор на Светска банка и Ал Сурур Јасин, претседавач на ICC Сауди и советник на Г20.
„Функционална инфраструктура е неопходна за економски и социјален развој, како на развиените така и на земјите во развој. Многу е важно да постои глобална перспектива за потребите од инвестиции во инфраструктурата и да се разберат економските и демографските предизвици со кои се соочуваме во 21 век. Затоа новиот систем за поддршка на интернационална инфраструктура како платформа им овозможува на земјите пример за подготовка на големи инфраструктурни проекти. Република Македонија која има одлична стратешка географска местоположба има потенцијал за брз економски развој доколку инвестира во современа инфраструктура“, рече Арсовска во своето излагање.“
На сесијата беше поентирано дека бизнисите се потпираат врз модерна инфраструктура за да останат конкурентни, додека општеството зависи од висококвалитетна инфраструктура, за да се обезбедат еднакви можности, социјална мобилност и пристап до здравствени услуги, храна, образование и други основни потреби.
На Светскиот коморски конгрес се дискутира за најзначајни економски теми, а во фокусот оваа година се инвестиции во инфраструктурата, влијанието на конфликтите и тероризмот врз економијата, како и најдобрите начини за обезбедување пристап до финансии на глобално ниво.
На сесијата беше поентирано дека бизнисите се потпираат врз модерна инфраструктура за да останат конкурентни, додека општеството зависи од висококвалитетна инфраструктура за да се обезбедат еднакви можности, социјална мобилност и пристап до здравствени услуги, храна, образование и други основни потреби.
M.В