/ Прочитано:

1.298

Иницијалните ефекти од данокот на личен доход

Со Законот за данокот на личен доход, кој се донесе кон крајот на 2018 година, а со кој се замени Законот за персонален данок на доход, се воведе прогресивно оданочување со данокот на личен доход, и тоа за доходот од работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и од продажба на сопствени земјоделски производи. Данокот на доход се плаќа по прогресивни стапки, и тоа: за остварен доход до 1.080.000 денари 10% (90.000 месечно), а за доходот остварен над овој износ + 18%. За доходот од права од индустриска сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, од осигурување и друг доход данокот се зголеми од 10% на 15%“, информираше Анета Димовска од Стопанската комора на Македонија на прес-конференцијата.

Пред донесување на Законот, стопанските комори врз основа на претходни анализи едногласно се согласија дека:

  • Позитивниот ефект од воведување прогресија врз буџетски приходи ќе биде далеку помал отколку негативните ефекти кои ќе се рефлектираат на вкупното бизнис-окружување;
  • Зголемувањето на стапките може да значи праќање на негативен сигнал, како кај домашните така и кај странските инвеститори, и губење на компаративната предност и имиџ на држава со ниски даноци;
  • Зголемувањето на стапките и зголемувањето на даночниот товар ќе поттикне даночна евазија;
  • Стопанството со сигурност ќе биде афектирано од предложените промени, како на пример информатичко-комуникацискиот сектор.

На прес-конференцијата во Комората беше посочено какво е влијанието на измените на оданочувањето со данок на личен доход врз буџетските приходи. Имено, во првите седум месеци од 2019 година од данок на личен доход реализирани се приходи во износ од 10.313 милиони денари, што во споредба со истиот период од 2018 година, кога се реализирани 8.895 милиони денари, претставува зголемување за 16,0%.

„Ако се анализираат приходите врз основа на кој доход е наплатен данокот, во првите седум месеци од 2019 година најголемо зголемување на наплатата има кај: приходите од имот и имотни права (закуп и подзакуп) од 62,9%, потоа кај приходи од земјоделство и шумарство 62,7%“, посочи Димовска.

Иако растот од 9,4% на приходите врз основа на доходот од работа (плати и други лични примања) е релативно низок, во споредба со растот од другите видови приходи е исклучително значаен бидејќи неговото учество во вкупните приходи од данок на личен доход е околу две третини. Во првите седум месеци од 2019 година остварени се дополнителни 1.418 милиони денари приходи врз основа на доходот од работа. Од податоците кои се јавно достапни не може да се утврди колкав дел од растот се должи на воведувањето на дополнителната даночна стапка од 18%, а колкав дел – на растот на платите и растот на вработеноста.

„Кај приходите по основ на данокот на личен доход од капитал растот е 3,5%, а кај приходите од капитални добивки забележан е пад на наплатата од -37,7%“, информираше Анета Димовска.

Стопанската комора на Македонија на почетокот на септември 2019 година спроведе анкета меѓу своите членки заради согледување на иницијалните состојби и импликациите што ги има воведувањето на прогресивното оданочување и зголемувањето на стапките на данок од 10% на 15% за одредени лични доходи во првото полугодие на 2019 година и оценување на ефектите од воведувањето прогресивно оданочување. Во периодот во кој се спроведуваше анкетното истражување, добиени се одговори од различни дејности, со најголемо учество на компании од индустријата, градежништвото, информатиката и компјутерското програмирање, металургијата, енергетиката, угостителството и туризмот и комуналната дејност.

Од добиените податоци се утврди дека од вкупниот број анкетирани кои одговориле на анкетниот прашалник, 51% од фирмите одговориле дека воведувањето на прогресивно оданочување по стапка од 18% нема влијание во насока на зголемување на трошоците за работа, ниту пак влијае врз промена на нивните деловни одлуки. Ваквите одговори се добиени од компании од секторите: градежништво, преработувачка индустрија, снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината и фирми во ТРИЗ (трошоците за даноци влегуваат во рамки на одобрената државна помош).

Клучната причина поради која променетата даночна политика нема влијание во овие сектори се пониските плати во овие сектори (во преработувачката индустрија просечна месечна плата I-VII 2019 година изнесува 20.624 денари, а во градежништвото 22.728 денари). Одредени фирми, во одговарањето на анкетниот прашалник истакнале дека немаат зголемени трошоци за плати, и покрај зголемените даночни стапки, бидејќи платите им се дефинирани во бруто-износ, при што зголемувањето паднало на товар на нето-платата на вработените.

Во фирмите кои одговориле дека зголемувањето на даночните стапки и воведувањето на прогресивно оданочување има влијание врз зголемувањето на трошоците за работа, 65% одговориле дека имаат зголемени трошоци врз основа на оданочување на доходот од работа (трошоци за плати). По сектори зголемувањето е:

– над 5% во дејностите услуги во врска со информатичката технологија и компјутерите, компјутерско програмирање, консултантски и информативни услужни дејности;

– во финансиските дејности и дејности на осигурување од 1,5% до 15% и

– 3% во услужни дејности поврзани со воздуxопловниот превоз.

Дополнително фирмите имаат зголемени трошоци и за данок по основ на:

– закуп и подзакуп (6% – 90%);

– права од индустриска сопственост (5% – 20%);

– авторски и сродни права (6% – 15%);

– доход од самостојна дејност (3% – 10%).

Според анкетата направена во Комората, 23% од вкупниот број анкетирани фирми се произнесоа дека зголемувањето на стапките на данокот на личен доход влијаело на промена на нивните деловни одлуки и тоа во насока на одложување на планирани активности за реновирање на објекти, намалување на трошоците преку намалување на бројот на вработени и зголемување на цените на услугите заради зголемените трошоци за плати и надворешни соработници, што е особено истакнато во ИКТ-секторот.

„ФАЈНАНС ТИНК“: Пред новата министерка за финансии се исправени големи и клучни предизвици

Тркалезна маса за прогресивниот данок на доход

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, вели министерот за финансии

Позитивно мислење за барањето за автентично толкување на членот 115 од Законот за данок на личен доход

Академика го објави и новиот Закон за данокот на личен доход на англиски јазик

УЈП: Насоки во врска со примената на Законот за данок на личен доход

Законот за данокот на личен доход објавен на Академика

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В