/ Прочитано:

631

Иницијатива на Левица до Уставниот суд за укинување на функцијата „прв заменик на претседателот на Владата“

Левица поднесе претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата, со кој се воведе нова функција – прв заменик на претседателот на Владата.

„Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде што се предвидува нова ваква функција, власта ги пречекорува уставните ограничувања на Владата, како извршна власт, и буквално со ваквото нејзино самоволие таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот Устав“, соопштуваат од Левица.

М.В