/ Прочитано:

813

Иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата отфрлена поради застареност

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 1 во врска со чл. 22 од Кривичниот законик.

„Ваквото решение е донесено бидејќи настапила застареност на кривичното гонење.

Пријавата се однесува на објавен оглас за вработување на 30 судски службеници во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, меѓу кои Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила пропусти при вработувањето на едно лице на позицијата помлад судски соработник. Меѓутоа, јавниот обвинител по приемот на иницијативата за кривично гонење на тогашниот претседател на Судот, претседателот на Комисијата за избор и прием на кандидати на огласот и на судскиот администратор, оцени дека постојат околности што го исклучуваат кривичното гонење – застареност.

Имено, постапката за вработување целосно е завршена во мај 2015 година. За кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 1 од Кривичниот законик, законодавецот предвидел казна затвор од 6 месеци до 3 години, а согласно чл. 107 ст. 1 т. 5 од Кривичниот законик, кривичното гонење не може да се преземе ако поминат три години од извршувањето на кривичното дело за кое според законот може да се изрече затворска казна над една година. Со оглед на ова, застареноста на кривичното гонење во предметот настапила најдоцна во мај 2018 година, додека иницијативата за кривично гонење од страна на Државната комисија за спречување корупција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје во јуни 2019 година“, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Антикорупциската комисија отвори нов предмет за договорот за детска кардиохирургија

Антикорупциската комисија отвори повеќе предмети и бара Обвинителството да отвори постапка за дивоградбите на Матка

Започна проектот за следење на работата на Антикорупциската комисија

КОРУПЦИЈАТА СЕ СМЕТА ЗА СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ: Извештај и препораки на ГРЕКО

Антикорупциска: Кога премиерот би се избрал за министер за финансии, би настанала повреда на законските одредби

Антикорупциската комисија ќе ја усвојува Стратегијата за заштита на укажувачи

Меѓуинституционална соработка за борбата против корупцијата и перењето пари

Антикорупциската комисија ќе има пристап до податоците кои се банкарска тајна

Меморандум за соработка меѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Државната комисија за спречување на корупцијата

Средба на Антикорупциската комисија и граѓанските организации

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ги утврди членовите и претседателот на Антикорупциската комисија

Собраниска постапка за утврдување предлог-листа за именување на претседател и членови на Антикорупциската комисија

Собранието ја објави ранг-листата на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Република Македонија на Индексот за перцепција на корупцијата се наоѓа на многу ниско место

Оглас за именување претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупцијата

Секој има право да пријави сомневање за корупција, се пропишува во новиот Закон за спречување на корупцијата

Законите за спречување на корупцијата и за слободен пристап до информации во собраниска процедура

Предлог-законот за спречување на корупцијата ќе добие европско знаменце за да се забрза неговото донесување

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Се подготвува Предлог-закон за слободен пристап до информации од јавен карактер

Последни препораки од европски експерти за Законот за спречување на корупција

Транспарентноста е еден од клучните предуслови за вистинска борба против корупцијата

Конференција посветена на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата

Јавна расправа за новиот Закон за спречување на корупцијата – козметичко или суштинско решение

Во Собранието започна постапката за донесување нов Закон за спречување на корупција и судир на интереси

Новиот Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси во собраниска процедура

Антикорупциската комисија да биде формирана според меѓународните стандарди за независност и неселективност

ОЦЕНКА НА ГРЕКО ЗА МАКЕДОНИЈА: Разочарувачки резултати за превенцијата на корупцијата

Втората верзија на измените на Законот за спречување на корупција на увид на јавноста

Клучните новини во предложените измени на Законот за спречување на корупцијата

Министерката за правда ги образложи измените на Законот за спречување на корупцијата за кои ќе има јавна дебата

Новата антикорупциска комисија ќе биде составена од експерти

Во подготовка измени на законска регулатива за спречување на корупција и на повеќе прописи од правосудството

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара професионализам, департизација и интегритет од членовите на ДКСК

М.В