Иницијатива за реформи во затворите во Велика Британија
Бројот на осудениците по затворите треба да биде намален барем за половина, од сегашните 85 000 на околу 45 000. Ова, сметаат тие, е со цел повторно да се воспостават редот, безбедноста и суштината на затворите и процесот на ресоцијализација. Целта на издржувањето на казната затвор е ресоцијализација на осудените лица и со намалување на нивниот број во еден затвор ќе се постигнат подобри ефекти во смисла на постигнување на оваа цел исто како во времето на Маргарет Тачер. Реформата на казнената политика во Велика Британија е суштинска за спречување на повторување на делата откако осудените лица ќе ја издржат казната затвор. Тоа ќе се постигне со нивна комплетна и ефикасна ресоцијализација преку методите за работа во затворите, потоа преку промена на правилата за изрекување на казните итн.
Тројца претставници од политичките партии во Велика Британија повикуваат на преиспитување на водењето на затворската политика во земјата во однос на преполовување на бројот на осудени лица во затворите.
Кенет Кларк, поранешен министер за внатрешни работи од Конзервативната партија, Џеки Смит, поранешна министерка за внатрешни работи од Лабуристичката партија, и Ник Глег, поранешен заменик-премиер од Либерал-демократската партија, предупредиле дека доколку не се реши во брзо време ова прашање, ќе има пошироки последици врз целото општество во иднина.ресоцијализација
Тие во својата објава во британскиот весник „Тајмс” сметаат дека бројот на осудениците по затворите треба да биде намален барем за половина, од сегашните 85 000 на околу 45 000. Ова, сметаат тие, е со цел повторно да се воспостават редот, безбедноста и суштината на затворите и процесот на ресоцијализација. Целта на издржувањето на казната затвор е ресоцијализација на осудените лица и со намалување на нивниот број во еден затвор ќе се постигнат подобри ефекти во смисла на постигнување на оваа цел исто како во времето на Маргарет Тачер.
Ник Глег, во интервју за радиото „Би-би-си”, вели дека зголемувањето на бројот на осуденици во затворите е проблем кој настанал во времето на Мајкл Хауард, министер за внатрешни работи, од 1993-1997 година, кој на конференција на неговата партија рекол дека затворите функционираат добро во смисла на нивната суштина. Глег смета дека тоа негово сфаќање прераснало во догма за сите наредни политичари кои не придонеле за реформирање на затворите и за ресоцијализацијата на осудените лица.
Тој смета дека кај луѓето постои верување дека колку повеќе се полнат затворите толку подобар станува правниот систем на земјата и јавноста е постабилна без нивното присуство на слобода. Затворите станале еден вид експеримент со кој треба да се види колкав број луѓе можат да се соберат на едно место без соодветни услови, опасни за живеење, да ја отслужат казната, да бидат пуштени на слобода и да се чека дали ќе извршат ново кривично дело и повторно ќе се вратат во затвор.
Глег, исто така, истакнува дека еден од главните проблеми во затворите е и редуцирањето на персоналот, кој за период од 6 години се намалил од 25 000 на сегашните 18 000 вработени. Како втор проблем се јавува казнената политика која е неефикасна и преку која затворите постојано се полни со осудени лица кои се притвораат во недовршени постапки, со лица на кои им се изрекува краткотраен притвор, со лица на кои им се изрекуваат краткотрајни казни затвор, со лица на кои им се изречени казни за криминал направен внатре во затворите итн.
Според Глег, реформата на казнената политика во Велика Британија е суштинска за спречување на повторување на делата откако осудените лица ќе ја издржат казната затвор. Тоа ќе се постигне со нивна комплетна и ефикасна ресоцијализација преку методите за работа во затворите, потоа преку промена на правилата за изрекување на казните итн.