/ Прочитано:

1.755

Иницијативи пристигнати до ДЗЛП за вршење инспекциски надзор врз медиуми

Дирекцијата за заштита на личните податоци дава укажувања, препораки, презема мерки и активности кога е информирана за одредени неправилности во обработката на личните податоци, односно кога има сознанија од претставки на граѓани, поднесени иницијативи за вршење надзор, медиуми или на друг начин во текот на својата работа, а сè со цел да се воспостават добри практики во работењето на контролорите, кои се во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Дирекција за заштита на личните податоци

Една од надлежностите на Дирекцијата за заштита на личните податоци, во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16), како самостоен и независен државен орган за заштита на личните податоци во Република Македонија, е да развива политики и да дава насоки во врска со заштитата на личните податоци.

Во соопштението на Дирекцијата за заштита на личните податоци се наведува дека ДЗЛП дава укажувања, препораки, презема мерки и активности кога е информирана за одредени неправилности во обработката на личните податоци, односно кога има сознанија од претставки на граѓани, поднесени иницијативи за вршење надзор, медиуми или на друг начин во текот на својата работа, а сè со цел да се воспостават добри практики во работењето на контролорите, кои се во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

“Само во изминатата недела во Дирекцијата за заштита на личните податоци пристигнаа повеќе иницијативи за вршење инспекциски надзор врз медиуми, односно онлајн портали за информирање, заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци“, информира ДЗЛП.

Во согласност со членот 9 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр. 7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16): „Матичниот број на граѓанинот може да се обработува само:
– по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци;
– за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и
– во други случаи утврдени со закон.

Контролорот е должен да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.“

Во согласност со членот 5 став 1 алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија” бр. 7/05, 103/08, 124/10, 135/11, 43/14, 153/15 и 99/16), личните податоци се обработуваат правично и во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, како и се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.

Врз основа на горенаведената правна рамка, Дирекцијата за заштита на личните податоци им укажува на сите онлајн портали и печатени медиуми дека е потребно да иницираат бришење на личните податоци, односно минимизирање на обемот на личните податоци кои се објавуваат, во согласност со целта што треба да се исполни при објавата, со цел правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци (презиме, име, адреса на живеење – населено место и улица, податок за своерачно потпишување, на граѓаните субјекти на лични податоци).

„Воедно, укажуваме на членот 8 од Законот за заштита на личните податоци, во согласност со кој забранета е обработката на посебните категории на лични податоци, односно обработката на матичниот број на граѓанинот“, се наведува во соопштението на ДЗЛП.

А. Б.