/ Прочитано:

1.042

Инспекторатот за труд контролира дали се исплаќа повисока дневница за работа во недела

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги почнал надзорите во оние прави субјекти кои согласно закон можат да работат во недела со цел да утврди дали ја испочитувале законската обврска за исплата на дневници повисоки за 50 проценти во јануарските плати. Контролите ќе се прават до крај на месецов и на крајот ќе биде направен извештај за тоа кој се го почитувал или го кршел законот. Извештајот ќе биде јавно објавен на веб-страницата на ДИТ.

-Недела неработен ден е наша реалност. Помина јануари, првиот месец за кој треба да се има исплата на повисоки дневници за работа во недела. Согласно закон плата за јануари се треба да се исплати до 15-ти во тековниот месец. Од денеска ДИТ е во интензивни надзори кај сите работодавачи кои согласно закон можат да работат во недела. Надзорите ќе се прават до крај на месецот. Потоа ќе има соопштение и месечен извештај за почитување на законското право за исплата на дневници поголеми за пеесет проценти за сите работници кои согласно закон се во дејности кои имаат право да работат во недела, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во одговор на новинарско прашање по посетата по посетата на компанијата „Текспорт“.

Извештајот, нагласи таа, ќе биде објавен јавно на веб-страницата на ДИТ. Јавноста ќе може да го види и да се информира кој го прекршил законот, а кој ја исполнил законската обврска за исплата на плата согласно измените на Законот за работни односи.

-Јавно ќе бидат објавени сите фирми кои го прекршиле законот во делот за исплата на повисока дневница за 50 посто за работа во недела, рече министерката Тренчевска.

На истата тема на прашање на новинарите одговараше и премиерот Димитар Ковачевски кој, како што рече, јасно кажал оти законското решение за недела неработен ден мора да се почитува.

– Јас сум на страната на работниците. Тоа повторно го повторувам. Секој работник има право во недела да биде со своето семејство, да го помине заедно со своите деца, да го помине со своите блиски и да одвои време за себе и тоа е основната претпоставка на овој закон како што постои законот во најголем дел од западноевропските држави, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека евентуално усогласувања на законското решение е можно само доколку со него е испуштена некоја дејност.

-Јас побарав средба со Стопанската комора каде разговаравме на оваа тема. Истиот ден и министерката Тренчевска беше таму и имаше состанок со Управниот одбор. Законското решение за недела неработен ден е донесено низ дијалог и низ инклузивен процес на стопанските комори, на другите асоцијации на деловната заедница заедно со МТСП во рамки на Економско-социјалниот дијалог, во кој учествуваат и економските ресори од Владата. Нормално дека тоа решение со текот на времето кога ќе се видат ефектите од неговата имплементација пак ќе биде анализирано со стопанските комори и со другите учесниците во економско-социјалниот дијалог. Тренчевска е во постојан контакт со стопанските комори на оваа тема и ако се утврди дека можеби во некој дел бил направен пропуст во однос на некоја дејност која што е неопходно да работи во недела за тоа затоа што технолошкиот процес тоа го налага, тогаш може да се пристапи кон одредено усогласување на законското решение, рече Ковачевски.

Меѓутоа, нагласи тој, недела неработен ден е решение кое што е за работниците и јас тоа силно го поддржувам.

-Јас сум работел и во фабрика, сум бил и работник, сум бил и менаџер, сум бил и сопственик и знам колку е значајно за работниците да бидат заедно со своите семејства бидејќи на тој начин можат и подобро да ги воспитуваат децата и да им се посветат барем еден цел ден во неделата, истакна Ковачевски.

Решението за недела неработен ден почна да се применува од 1 јануари годинава (МИА)

Секој што работи во недела има право на додаток од најмалку 50%

Најчести прекршувања на законските измени за работата во недела кај обложувалниците и кафе баровите

Стопанската комора ги оспори законските измени во врска со работата во недела

„Ден на неделен одмор е недела“ – текстот на новите измени на ЗРО

Државниот инспекторат за труд во врска со новите измени на Законот за работните односи

Измените на Законот за трговија со европско знаменце на собраниска седница

Шахпаска за изгласаните измени на ЗРО за недела како ден за неделен одмор

ОРМ бара дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела

Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време

КСС: Работничките права повторно се под манипулација

„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд

Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти

МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор

Утврдени измените на ЗРО, според МТСП за над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор

Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија

Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО

Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В