Инспекцискиот совет ги објави термините за полагање на испит за втората група инспектори
Право на учество на јавниот повик имаа кандидатите што по дипломирањето имале најмалку пет години работен стаж во соодветната област на инспекциската служба.
Инспекцискиот совет ги известува кандидатите кои се пријавиле на Јавниот повик за пријавување кандидати за полагање на испит за инспектор во првата испитна сесија за 2016 година, објавен на 16.02.2016 година, дека испитот ќе се одржи во просториите на Испитниот центар ASSECO со седиште на улица „Христо Смирненски“ бр. 30, во Скопје,во следниве термини:
- 21.03.2016 година со почеток од 08.00 часот;
- 21.03.2016 година со почеток од 10.40 часот;
- 23.03.2016 година со почеток од 08.00 часот;
- 23.03.2016 година со почеток од 10.40 часот и
- 24.03.2016 година со почеток од 16.00 часот.
Деталната листа со имиња на сите кандидати можете да ја погледнете тука.