/ Прочитано:

2.237

Институтот за човекови права го објави новиот број на „Правен дијалог“

Институтот за човекови права го објави 18. број на електронското стручно списание „Правен дијалог“.

Новиот број на списанието се состои од 5 статии посветени на човековите права и слободи:

– проф. д-р Александра Деаноска-Трендафилова: Сурогатството и човековите права;

– д-р Весна Стефановска: Копенхагенската декларација и претстојните предизвици за Европскиот суд за човекови права;

– Катерина Конеска: Третиот факултативен протокол за комуникациски процедури кон Конвенцијата за правата на детето;

– доц. д-р Блертон Синани: Уставносудска контрола над управните прописи;

– Невена Димовска: Дали човековите права се универзални?

Стручните статии може да се погледнат на следниот линк.