/ Прочитано:

1.063

Македонка осудена од судот во Брисел за киднапирање на својата ќерка — ѝ се заканува затворска казна од 4 години

Понеделник, 13 мај 2013 – Судот во Брисел ја осудил Македонката Ирена Петковиќ за наводно киднапирање на сопственото дете, со провизорна четири годишна казна затвор и половина милион евра оштета која треба да ја плати на таткото. Пресудата, како што вели таа, се уште не и е врачена, само ја има видено. Според нејзините тврдења, целата судска постапка е водена без нејзина официјална покана и во нејзино отсуство на рочиштата.

„Фрапирачки е што судењето се одвивало во континуитет, а јас не бев информирана, иако повеќе Белгија не го ни бара детето да го врати кај татко му. Судењето иако се водело и покрај знаењето на судот дека Хашката Апликација за автоматско враќање на детето кај таткото е oдбиено од страна на Централниот Орган односно од Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија “ истакна револтирано мајката, Ирена Петковиќ на денешната прес конференција.

Според Ирена, таткото кој освен законските постапки, не покажал никаква реална грижа за детето, всушност нема директен контакт со ќерката но и одбива секаков комуникација со неа.

Сепак, на малолетната К.Ж. е издадено државјанство од 2009 година со согласност од таткото.  Додека јурисдикцијата е добиена по 3 месеци од одбивањето на Хашката Апликација за враќање на детето, и по престојот на истотот повеќе од една година во држава каде што е однесено. Поточно има два основа за која Република Македонија има јурисдикција за решавање на старателство на ќерката и ден денес.

„Искрено, директно го прашувам јавно судот во Белгија, кој е ефектот за изречување на затворска казна и фрлање на црна дамка во животот на мојата малолетна ќерка. Утре заминувам за Брисел за да го решам статусот на моето дете за да живее слободен живот, со правна изрегулирана грижа од двата родитела“, вели Ирена.

Приказната на Ирена Петковиќ се појави во медиумите упте пред две години, кога таа посочи дека била  малтретирана од нејзиниот партнер,  поранешен висок функционер на EУ. Судот никогаш не и го одзел старателството, само физичката грижа била пренесена на таткото, оставајќи на мајката да ја гледа еднаш неделно на 8 часа. Тоа е времена мерка до следното пресудување која траела околу 2 месеци, а мајката и таткото имаат поделено старателство и во двете земји.

Според тврдењата на Ирена, оттогаш до ден денес било каков акт на добра волја од страна на таткото нема.

Сите инсититуции во земјите кои се потписнички на Конвенцијата на ОН за детски права и слободи, имаат обврска да работат во корист на детето – стои во соопштението испратено од пи – ар агенцијата „Еlementpr“ во име на Петковиќ.