/Прочитано:

2.589

ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ: Државата да најде начин како да ги задржи високообразованите кадри

Иселувањето на младите луѓе не смее да се гледа само во негативен контекст, посочи продеканот на Филозовскиот факултет Аница Драговиќ. Според неа, позитивните аспекти на иселувањето можат да се искористат за развој на помалку развиените средини доколку искуството и знаењето на тие лица соодветно се искористи во Македонија.

????????????????????????????????????

Високообразованите млади луѓе можат да се задржат во Македонија и тука да го продолжат своето образовно, но и професионално надоградување само преку создавање на поголеми можности за лична реализација и преку привлекување на компании кои ќе инвестираат во знаење и иновација.

Трендот на иселување на младите луѓе беше тема на денешната дебата „Актуелните предизвици на процесот на иселување на високообразовани млади луѓе од Република Македонија“ организирана од Здружението за граѓански и младински политики „Центар за европски иницијативи“.

Иселувањето на младите луѓе не смее да се гледа само во негативен контекст, посочи продеканот на Филозовскиот факултет Аница Драговиќ. Според неа, позитивните аспекти на иселувањето можат да се искористат за развој на помалку развиените средини доколку искуството и знаењето на тие лица соодветно се искористи во Македонија.

За тоа, вели Драговиќ, потребна е и поголема улога на државата.

„Македонија е традиционално миграциско подрачје, а трендот на отселување на високообразовани млади луѓе започнува во 90-тите години на минатиот век и според статистиката не е запрен и продолжува и денеска. Тоа е поразителен факт во однос на бројки, но позитивните аспекти се гледаат во контекст на развој на послабо развиените подрачја од кои најчесто се иселуваат луѓето и според мене претставува позитивен феномен“, рече Драговиќ.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија над 50 отсто од невработените лица во Македонија се млади до 29 годишна возраст, а од оние кои се пријавуваат во Агенцијата 37 отсто се млади до 29 годишна возраст.

Директорот на АВРМ, Влатко Поповски, истакна дека во Македонија секојдневно се отвораат отприлика околу 500 до 600 работни места.

akademik-46

„Еве од вчера се отворени првите работни позиции за Џонсон Контрол во Штип каде се бараат многу лица. На нашиот сајт ќе бидат објавени тие работни огласи. Само добар маркетинг е дека надвор од Македонија се заработува многу подобро. Ако тоа работно време што се работи во западните држави го работиме во Македонија приближно исто ќе заработиме за соодветен живот во Македонија“, вели Поповски.

Како најголем проблем за невработеноста Поповски го посочи недостатокот на пракса. Тој најави и нови можности за пракса и вработување во нови компании кои ќе бидат отворени во земјата.

Претседателот на Центарот за европски иницијативи (ЦЕИ) Христијан Конески рече дека целта на дебатата е да се анализира постојната ситуација како и да се постави терен за идна соработка и креирање младински политики за спречување на одлевањето на високообразовани млади луѓе од државата и подигнување на свеста за можностите дома.

Конески посочи дека не постои точна бројка на вкупно иселени млади луѓе, иако деновиве член на Државната изборна комисија повикувајќи се на евиденцијата на МВР објави бројка од 78 илјади луѓе кои ја напуштиле државава во 2015 година.