/ Прочитано:

1.580

Искоренување на невработеноста во Германија – приоритет во изборните платформи на партиите

Германската канцеларка Ангела Меркел, која по четври пат е во трка за истата функција на парламентарните избори кои треба да се одржав на 24 септември, во текот на оваа недела, претставувајќи ја својата предизборната платформа, вети дека целосно ќе ја искорени невработеноста во земјата. Таа најави дека ќе донесе нов закон за доселување на странски стручни работници за да се пополнат празните работни места во германското здравство и во ИТ секторот и дека главна цел на оваа програма е отворање нови работни места и уште поголемо поттикнување на вработувањето. Всушност, ова е заеднички проект на Христијанско-демократска унија ЦДУ и сестринската баварска Христијанско-социјална унија ЦСУ кои ветуваат целосна вработеност до 2025 година и намалување на даноците за вкупно 15 милијарди евра.

Изборната кампања за претстојните парламентарни избори во Германија кои треба да се одржат на 24 септември од ден на ден бележи се поголем интензитет. Партиите ги претставија своите изборни платформи, а според Германците речиси сите ветувањата што доаѓаат од страна на лидерите на партиите се остварливи, бидејќи како што велат, нивната земја е најсилната економија во Европа.

Тоа го потврдуваат Сојузната агенција за вработување, како и Сојузната агенција за статистика на Германија, ДЕСТАТ, изнесувајќи го податокот за стапката на невработеност во Германија, која според нивните податоци се уште на рекордното ниско ниво забележано од обединувањето до денес. Со пресметките за сезонските вработувања, нивото на невработеност во земјата е 5,5 отсто што е најниско во Европската Унија, а во споредба со минатата година во исто време во Германија има 142 илјади помалку невработени.

Според податоците германската Сојузна агенција за труд, во Германија во јуни 2017 година имало 730.802 слободни работни места, наспроти 664.872 во истиот месец минатата 2016 година, според податоците на германската Сојузна агенција за труд.

И покрај ваквите податоци, германската канцеларка Ангела Меркел, која по четври пат е во трка за истата функција, во текот на оваа недела, претставувајќи ја својата предизборната платформа, вети дека целосно ќе ја искорени невработеноста во земјата. Таа најави дека ќе донесе нов закон за доселување на странски стручни работници за да се пополнат празните работни места во германското здравство и во ИТ секторот и дека главна цел на оваа програма е отворање нови работни места и уште поголемо поттикнување на вработувањето. Всушност, ова е заеднички проект на Христијанско-демократска унија ЦДУ и сестринската баварска Христијанско-социјална унија ЦСУ кои ветуваат целосна вработеност до 2025 година и намалување на даноците за вкупно 15 милијарди евра.

Според ЦДУ, Германија може да стане земја со максимум 3 % невработени што се смета за апсолутно ниво на невработеност што за последен пат се случило во средината на седумдесеттите години од 20 век за време на германското економско чудо.

„Мислиме дека можеме да го сториме тоа. Просперитет и безбедност за сите. Нашиот проект е за уште подобра иднина на Германија кој ќе значи економска и социјална сигурност за сите граѓани“, изјави Меркел на прес конференција со лидерот на ЦСУ, Хорс Зехофер во Берлин на презентацијата на изборниот манифест на сестринската коалиција.

Аналитичарите велат дека Меркел, во нејзината досегашна политичка кариера, а особено како Канцелар на Германија во три последователни мандати, знае дека земјата може да ја „забетонира“ силната економија доколку државата двои повеќе пари за наука. Тоа, како што оценуваат економските аналитичари во Германија, неминовно ќе отвора се поголем број работни места.

Инаку, предизборната програма на Коалицијата меѓу ЦДУ и ЦСУ предвидува и мерки за семејството, градење станови и јакнење на полициските сили. Исто така, оваа коалиција најавува и укинување на многу непопуларниот данок на солидарност, кој е воведен за да се финансира обновувањето на поранешната Источна Германија.

Инаку, досегашните анкети и проекции за исходот од Парламентарните избори во Германија покажуваат дека, социјалдемократите СПД нема да извојуваат победа, што ќе значи дека ниту нивниот лидер од Мартин Шулц, кој е противник на Меркел, нема да успее да и ја одземе канцеларската функција.

А. Б.