/ Прочитано:

815

Исплата на правата од социјална и детска заштита

„Започнува исплатата на  Гарантираната минимална помош- ГМП, за месец ноември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–  3 декември  (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,

–  4 декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на ГМП коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 3 декември   2020 година.

Останатите права од социјална и детска заштита започнуваат со исплата на ден 4 декември (петок), за граѓаните кои поседуваат дебитна картичка. Тие ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, за следниве права:

•  Детски додаток

• Посебен додаток

• ЕПП за новороденче

• Родителски додаток за трето дете

• Родителски додаток за четврто дете

• Додаток за образование

•Надоместок за помош и нега од друго лице

• Еднократна парична помош

•Надоместок заради попреченост

• Цивилна инвалиднина

• Социјално домување

• Социјална сигурност за стари лица-социјална пензија

• Азиланти домување

• Парична помош за згрижувач

• Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Исплатата на овие права ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

–    7 декември  (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ,И, Ј, К, Л, Љ, М,
–    9 декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра“, соопштуваат од МТСП.