/ Прочитано:

1.428

Исполнувањето на препораките на ГРЕКО значи подобар систем, но и подобар живот, вели претседателот на ГРЕКО

Претседателот на Групата држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), Марин Мрчела, се надева дека Македонија може да ги исполни препораките на ГРЕКО.

„Ние го очекуваме  тоа и се надевам дека сите политички фактори ќе бидат свесни за тоа дека препораките мора да бидат спроведени не поради ГРЕКО, туку поради македонските граѓани. Тоа значи дека тие препораки би требало да го подобрат системот и праксата во Македонија, а тоа на крајот значи и подобар живот за граѓаните. Од 19 препораки на ГРЕКО, три се исполнети, десет се делумно исполнети, а шест не се воопшто исполнети. Тоа не е резултат за пофалба. Ние го чекаме извештајот. Рокот е 31 јануари 2018 година и кога ќе го добиеме извештајот ќе видиме каква е ситуацијата“, рече Мрчела, претседател на Групата држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО), кој говореше на Тркалезната маса „Улогата на судечкиот судија во доказната постапка“, во организација на ОБСЕ и Академијата за судии и јавни обвинители.

М.В