/ Прочитано:

860

Истрага во Финска за наводен поткуп од 2,8 милиони евра на партијата на Јанез Јанша

Среда, 10 април 2013Финската полиција почна истрага околу новите сомневања за кривично дело давање поткуп од страна на финскиот производител на оружје и одбранбени материјали „Патриа“, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Во една дипломатска белешка, која ја публикуваше веб-сајтот „Викиликс“, се тврди дека „Патриа“ и платила „под маса“ 2,8 милиони евра на партијата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во врска со зделката за оклопни возила во 2006 година.

Финскиот дневен весник „Хелсингин саномат“ пишува дека шестмина вработени во „Патриа“, кои биле замешани во зделката, набрзо ќе бидат изведени пред суд, осомничени за тешко кривично дело на подмитување. Уште четворица вработени во „Патриа“ се осомничени за индустриска шпионажа.