/ Прочитано:

905

Истрагата за „Агробанка“ стигна до фудбалските клубови „Партизан“ и „Црвена Звезда“

Вторник, 14 август 2012 –  Вчера на тапет поранешниот гувернер на НБС, Дејан Шошкиќ, денеска истрагата за банкарската измама во „Агробанка“ не ги заобиколи двата најголеми фудбалски клубови, „Звезда“ и „Партизан“. Истрагата треба да покаже кој ќе ја сноси одговорноста за пропастот на српската „Агробанка“.

Случајот „Агробанка“ ги стигна фудбалските клубови „Звезда“ и „Партизан“, а српската полиција се сомнева дека банката им давала спорни кредити. Дел од стадионот на црвено белите е под хипотека, а оттаму за српските медиуми тврдат дека  дале цврсти гаранции дека кредитот ќе биде отплатен.

Портпаролот на клубот, Марко Николовски за српските медиуми го објаснил договорот склучен со банката за отплатата на кредитот. Станува збор за 3,5 милиони евра кои клубот треба преку спонзорствата да и ги исплати на банката, односно „Агробанка“ бесплатно да се рекламира на дресовите на играчите.

Клубот не доби ниту еден динар од спонзорствa, потписот на договорот за спонзорство е всушнот дел од аранжманот на кој начин „Црвена Звезда„ ќе го отплаќа кредитот на „Агробанка“. Ние добивме одобрение за кредит, еден од условите освен пазарната камата и хипотеката  беше и рекламирањето на „Агробанка“, изјавил Марко Николовски.

Според зборовите на Николовски банката потпишала договор за спонзорство и со „Партизан“. Клубот земал 4 кредити, 3 биле вратени, а последниот се враќа во моментов согласно со договорот за отплата.

Засега од фудбалските клубови полицијата никого не го повикала на информативен разговор, но доколку е потребно од клубовите велат дека ќе сторат се за подобрување на текот на истрагата. Од српското обвинителство зависи текот на истрагата, а веќе со денови медиумите објавуваат за залагањето на полицијата и на обвинителството, истрагата да не заобиколи никој што знае што се случувало со нелегалното одобрување на кредити во „Агробанка“.