/ Прочитано:

1.821

Истражување: Британските судии незадоволни од лошите работни услови и намалувањето на платите

Меѓу судиите постоело големо незадоволство откако им биле намалени платите, откако почнале да им  се влошуваат условите за работа со текот на времето и откако почнале се чувствуваат небезбедни на работното место. Иако судиите веруваат дека вршат благородна работа служејќи му на општеството посветени на својата професија, нивниот морал нагло се намалил, покажуваат резултатите од истражувањето кое било спроведено во текот на летниот период минатата година.

Речиси половина од судиите во Велика Британија планираат да го напуштат своето работно место предвреме поради влошените услови за работа, покажало истражувањето на професорката Шерил Томас од Правниот факултет на Универзитетот Оксфорд.

Меѓу судиите постоело големо незадоволство откако им биле намалени платите, откако почнале да им  се влошуваат условите за работа со текот на времето и откако почнале се чувствуваат небезбедни на работното место.

Иако судиите веруваат дека вршат благородна работа служејќи му на општеството посветени на својата професија, нивниот морал нагло се намалил, покажуваат резултатите од истражувањето кое било спроведено во текот на летниот период минатата година.

Истражувањето содржело 50 прашања наменети за судиите, распоредени во повеќе области: работни услови, плати на судиите, личен развој, промени во правосудството, идни планови итн. Тоа се спроведувало на доброволна основа и сите учесници во него биле анонимни.

Особено зачудува фактот што 42 % од анкетираните судии одговориле дека доколку најдат соодветна замена за сегашното работно место, веднаш би го напуштиле судот и функцијата судија. Во 2014 година ваков одговор дале 23 % од анкетираните судии. Повеќе од една третина од судиите одговориле дека во наредните 5 години имаат намера да не бидат судии поради износот на нивните месечни примања кои биле неспоредливо помали во однос на другите професии.

Судиите во Велика Британија годишно заработуваат 134 000 – 180 000 фунти, а биле револтирани бидејќи во периодот 2009 – 2013 нивните плати биле смрзнати и воопшто не добиле покачување во тој период. Дури 78 % од судиите се изјасниле дека имаат загуби во личниот буџет поради долгогодишното стагнирање на платите, кои не соодветствуваат на работата што ја вршат.

Важна работа која била забележана со истражувањето е безбедноста на судиите. Половина од судиите не се чувствувале безбедни во судовите и при вршењето на работните задачи, додека пак 64 % од испитаниците изјавиле дека моралот на судската администрација бил значително намален.

Судијата на највисокиот суд на Англија и Велс и претседател на Кривичното одделение на Апелациониот суд на Англија и Велс лордот Томас изјавил дека квалитетот на судството се заснова на владеењето на правото и на континуираниот успех на правните услуги на пазарот на национално и меѓународно ниво. Тој смета дека јавноста треба да им биде благодарна на оние судии кои се охрабриле да учествуваат во ова истражување, кое ги претставило вистинските проблеми на судството во Велика Британија.

Министерката за правда Елизабет Трас вели дека независното судство на Велика Британија е камен-темелник на владеењето на правото и тоа е од витално значење за Уставот и воопшто за слободата на граѓаните, па според тоа угледот на судството е незаменлива работа.

С. М.