/ Прочитано:

1.693

Истражување на јавното мислење за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација

„Слободата, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат клучни аспекти на концептот за човековите права и основните слободи. Изгласувањето на измените во Законот за спречување и заштита од дискриминација ја воведоа и сексуалната ориентација на листата основи за потенцијално дискриминаторско однесување. Нашата земја е една од последните земји во регионот што ја додаде сексуалната ориентација како основа според која се забранува дискриминација. Сепак, ефективната имплементација на законската рамка подразбира ангажман не само на надлежните институции, туку и развивање на свеста и вклучување на повеќе засегнати страни, особено на граѓаните. Нивното вклучување, од друга страна, имплицира отсуство на предрасуди и дистанца кон овие групи. Овој документ ги презентира резултатите од истражувањето на ставовите, перцепциите и постоењето на дискриминација кон лицата со различна сексуална и родова ориентација“, се вели во  истражувањето „Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација“, објавено од Институтот за човекови права.

Кога станува збор за субјективните перцепции на учесниците во поглед на почитувањето на човековите права, се вели во истражувањето,  значаен процент на учесници – повеќе од една петтина (22,6%), сметаат дека човековите правата воопшто не се почитуваат, додека само 3,1% сметаат дека човековите права целосно се почитуваат.

Најголемиот дел од учесниците, 41,9%, се на мислење дека сосема малку се прави за почитувањето на човековите права во земјата. Од добиените резултати може да се констатира дека учесниците, општо земено, не се задоволни од состојбите со почитувањето на човековите права во земјата.

„Запрашани колкава доверба имаат во судовите во поглед на нивните заложби за почитување на човековите права, одговорите на учесниците упатуваат на релативно висок степен на недоверба кон судството. Имено, 60,6% немаат доверба во работата на овие институции во наведениот домен“, се посочува во истражувањето.

Од просечната вредност на одговорите на учесниците може да се заклучи дека за најдискриминирани се сметани Ромите (3,6%), лицата со попреченост (3,6%) и хомосексуалците и трансродовите лица (3,5). За најмалку дискриминирани групи оценети се Македонците (2,7) и Албанците.

Од добиените резултати може да се заклучи дека учесниците релативно високо го оцениле ризикот од дискриминација за хомосексуалните и трансродовите лица.  Запрашани дали се информирани за најновите измени на Законот за спречување и заштита од дискриминација, релативно низок процент од учесниците во истражувањето, помалку од една третина, одговорија потврдно.

Кога станува збор за машката хомосексуалност, повеќе од 40% од учесниците се изјасниле дека им пречат мажите хомосексуалци. Запрашани дали лично им пречат жените лезбијки, 43,1% од учесниците одговориле потврдно, што упатува на заклучокот дека кај нив постои подеднакво личен отпор кон хомосексуалност кај лицата од различни родови.

„Резултатите од истражувањето упатуваат на констатацијата дека значаен дел од учесниците во истражувањето манифестираат социјална дистанца кон лицата со различна сексуална ориентација и родов идентитет.

Иако навидум го препознаваат ризикот од дискриминација за овие групи граѓани, имајќи ги превид ограничените контакти, нискиот степен на одобрување на различни форми на нивно учество во општествениот живот и неприфаќањето на нивната особеност упатуваат на заклучокот дека хомофобичните ставови и перцепции се дел од секојдневниот дискурс.

Притоа, од одговорите на учесниците може да се констатира дека не се работи за непрепознавање на релевантноста на заштитата на хомосексуалците од дискриминација – големо мнозинство од учесниците се согласиле со ставот дека е потребна забрана на дискриминаторско однесување по основ на сексуална ориентација“, се заклучува во истражувањето.

Истражувањето е реализирано за потребите на проектот „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“, кој го реализира Институтот за човекови права, со поддршка од Германската амбасада во Скопје.

Изгласан е Законот за спречување и заштита од дискриминација – реакции на МТСП и МЗД

КЗД утврди дискриминација врз основа на пол во оглас за вработување

Жените почесто од мажите се обраќале до Комисијата за заштита од дискриминација

Најмногу претставки за дискриминација врз основа на личен и општествен статус и од областа на работните односи

Истражување: Жените се многу повеќе изложени на родово базирана дискриминација на работното место отколку мажите

Скопски ресторан упати јавно извинување за дискриминацијата врз девојка која носела хиџаб

Комисијата за заштита од дискриминација за првпат утврди дискриминација по спроведено тестирање на ситуација

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за спречување и заштита од дискриминација

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В