/ Прочитано:

848

Истражување на ставовите на граѓаните за работата на АВМУ и АЕК

Колку се запознаени граѓаните со работата на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми и на Агенцијата за електронски комуникации? Каква е јавната доверба во регулаторите? Како општество колку сме задоволни со цената и квалитетот на телекомуникациските услуги? Како до подобра регулација на пазарите која би резултирала со пониски цени за поквалитетни услуги?

Одговорите на овие прашања се дадени во истражувањето на ставовите на граѓаните спроведено од Евротинк, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет.

Според истражувањето, корисниците имаат поделено мислење за цените на услугите во мобилната телефонија и на интернет-услугите.

Незадоволството од цените е поизразено кај граѓаните од руралните средини, дури 54% од граѓаните што живеат во руралните средини не се задоволни од цените на мобилните услуги и интернет-услугите.

Задоволството од квалитетот на интернет-услугите и на мобилните услуги е на повисоко ниво во однос на цените, мнозинството граѓани, 69,3%, се задоволни од квалитетот на овие услуги.

Останува предизвик да се подобри квалитетот на услугите во руралните делови, зашто една третина од населението не е задоволна.

Препознатливоста на двете агенции е во нагорен тренд во споредба со 2018, но сè уште е на ниско незадоволително ниво.

Има значителни разлики во препознавањето според местото на живеење, нивото на образование и етничката припадност.

Перцепцијата на граѓаните за транспарентноста и професионалноста бележат благ пораст кај АВМУ.

Довербата во независноста кај двете агенции има загрижувачки тренд, речиси двојно опаѓа. Мнозинството граѓани што ги препознаваат двете агенции не се доволно запознаени со нивните надлежности.

Расте трендот кај граѓаните што сметаат дека луѓето на раководните позиции во двете агенции се поставени на тие позиции само поради нивната блискост со одредена политичка партија.

Резултатите од истражувањето на ставовите на граѓаните се достапни на следните линкови:

Истражување на ставовите на граѓаните за АВМУ и АЕК

Инфографик од истражувањето

М.В