/ Прочитано:

1.192

Истражување во адвокатска канцеларија – предност за привлекување нови клиенти

Интегрираниот пристап во развивањето на иновациите, услугата на циркулирање на податоците во компанијата и примената на новите технологии и инвестиции е она што ја прави оваа реномирана адвокатска канцеларија единствена и функционална.

Илустрација пишување

Менаџментот на познатата меѓународна адвокатска фирма „Ашурст“, со седиште во Лондон, која се занимава со консултантски и правни услуги за големи корпорации и финансиски институции, формирал тим од водечките партнери во компанијата кои имаат задача да направат истражување за новините и иновациите што им ги дава оваа адвокатска канцеларија на своите клиенти.

Тимот треба да се фокусира на три клучни области врз кои ќе направи истражување на темата за тоа како се справува нивната компанија со новите предизвици, па затоа партнерите Мајк Полсон и Марк Хигс се посветиле на ресурсите на компанијата, на процесот на работа и на технологијата.

Во овој проект ќе бидат вклучени и нивните филијали во Глазгов, Шкотска, во Сиднеј и во Бризбејн, Австралија. Целта на проектот и на истражувањето е да се воспостави и да се промовира вештината за развивање и за надградување на капацитетите на фирмата и да се стави фокус на имплементирањето на новите идеи.

Мајк Полсон изјавил дека интегрираниот пристап во развивањето на иновациите, услугата на циркулирање на податоците во компанијата и примената на новите технологии и инвестиции е она што ја прави оваа реномирана адвокатска канцеларија единствена и функционална.

Се очекува проектот со длабинската анализа на сите претставништва на адвокатската фирма „Ашурст“ да им донесе предност во однос на другите адвокатски фирми, кога се работи за привлекувањето на нови клиенти за работа и воспоставување на професионален систем кој ќе нуди адвокатски услуги на највисоко ниво.