/ Прочитано:

5.540

Истражување во САД: Адвокатите како лидери – дали нивната личност е премногу аналитична

Високиот скептицизам е карактеристична особина на адвокатите. Американскиот психолог Лери Ричард вели дека кај адвокатите често се случува да не му веруваат отпрво на некој свој соговорник, така што пред да пристапат кон правниот проблем, тие прво го анализираат клиентот, неговата искреност и добронамерност, а дури отпосле донесуваат свое мислење и одлука за дадената ситуација.

Психологот Лери Ричард, кој се занимава со проучување на личноста на деловните луѓе, бизнисмените и адвокатите, смета дека личноста  е особено важна за човековото однесување. Истражувањето на Ричард во текот на изминатите 30 години покажало дека адвокатите имаат карактеристична личност која се издвојува од другите профили на луѓе во однос на скептицизам, автономија, ажурност и апстрактно резонирање на работите.

Високиот скептицизам е карактеристична особина на адвокатите. Ричард вели дека кај адвокатите често се случува да не му веруваат отпрво на некој свој соговорник, така што пред да пристапат кон правниот проблем, тие прво го анализираат клиентот, неговата искреност и добронамерност, а дури отпосле донесуваат свое мислење и одлука за дадената ситуација.

Трпението не е доблест за голем број адвокати, така што тие дејствуваат брзо, итно, без непотребно губење време, од причина што современиот корпоративен свет се движи брзо, а тие сакаат професионална соработка со вистински професионалци.

Апстрактното резонирање и анализата, решавањето проблеми и користењето на интелектот се, исто така, одлика на адвокатите при пристапувањето кон правните ситуации. Нивната склоност кон постојано анализирање некогаш може да доведе до  класично блокирање на одреден проблем.

На крајот, Ричард истакнува дека адвокатите не се склони премногу да се изложуваат на погледите на јавноста, помалку се дружат со други луѓе и  го чуваат за себе интимниот  живот, а од друга страна се психички поиздржливи.

Адвокатите треба да работат постојано на сопствената лична надградба за да можат да се истакнат како лидери во општеството. Тие треба постојано да изнаоѓаат начини за  креирање на јавното мислење и да бидат пример за другите.

Адвокатите треба да наметнат и воспостават стандарди на совршеност за тоа како луѓето треба да се третираат и да се водат кон одредена цел, а некогаш и да излезат од својата комфорна зона.

С. М.