/ Прочитано:

1.150

Истражување во САД: Работи што мора да се разберат за подигнување на свеста за родовата различност

Истражувањето на „Бостон консалтинг груп“ претставува повик за дејствување од страна на компаниите да спроведуваат програми за родовите прашања и да ги поттикнат сите страни да работат на справување со евентуалните проблеми. Во него е прикажано и мислењето на мажите и жените кои биле интервјуирани во врска со родовите разлики, при што одговорите биле дијаметрално спротивни, што потврдува дека се потребни мерки за решавање на разликите.

„Бостон консалтинг груп“ во своето истражување објавено во јуни оваа година изнела изненадувачки статистички податоци во врска со родовата различност на работните места воопшто, а делумно и во адвокатските канцеларии.

Биле интервјуирани околу 17.500 вработени и околу 200 раководители во компании од разни индустрии во 21 држава. Што се однесува до правните фирми кои сакаат да ја зајакнат родовата разновидност, наодите на консултантската компанија, чија главна дејност е давање совети и изготвување бизнис стратегии, доведуваат до три конкретни заклучоци:

– адвокатските фирми треба да имаат предвид дека треба да ги осознаат мерките кои се најефективни во решавањето на проблемите со родовата нееднаквост и инклузијата. Доколку тие прашања се занемарат, постои можност за таложење на проблемите, па вработените воопшто да не се обидат да ги разберат родовите разлики, т.е. тие на долг рок да станат табу тема

– партнерите во канцелариите, особено мажите, мора повеќе да работат на различните перспективи и идеи кои ги имаат за напредок на компанијата, за разлика од жените и да се обидат со тек на време да ги приближат ставовите и гледиштата

– сите заедно треба да работат на развој на програми кои ќе помогнат за родова рамноправност во самата компанија или адвокатска канцеларија, со редовно доставување идеи и стратегии за идно дејствување. Одржување на тренинг-сесии, настани поврзани со родовите прашања, воспоставување на систем на поплаки  и слично се дел од предлозите за кои се смета дека можат да помогнат.

Истражувањето на „БКГ“ е повик за дејствување од страна на компаниите да спроведуваат програми за родовите прашања и да ги поттикнат сите страни да работат на справување со евентуалните проблеми. Во него е прикажано и мислењето на мажите и жените кои биле интервјуирани во врска со родовите разлики, при што одговорите биле дијаметрално спротивни, што потврдува дека се потребни мерки за решавање на разликите.

С. М.