/ Прочитано:

1.639

Истражување за отворените буџети и фискалната транспарентност

Центарот за економски анализи – ЦЕА  ги  презентираше резултатите од фискалната транспарентност во Македонија за 2017 година. Резултатите произлегуваат од истражувањето што го спроведе ЦЕА за реномираната меѓународна Иницијатива за отворен буџет. Истражувањето се служи со документирани докази и објективни критериуми за евалуација на опсегот за тоа како националните влади во 115 земји ги прават достапни за јавноста осумте клучни буџетски документи, и тоа според меѓународни стандарди за буџетска транспарентност. За да бидат „јавно достапни“, документите мора да се достапни на интернет и во време кое е конзистентно со добрите практики. Дополнително, истражувањето оценува и дали се целосни и употребливи информациите што се обезбедени во документите.

Истражувањето, исто така, оценува и дали законодавецот, Државниот завод за ревизија и независните фискални совети ѝ овозможуваат на јавноста да биде вклучена низ целиот буџетски процес.

Резимето од резултатите за Македонија можете да го најдете на следниот линк.

Рангирањето е достапно на следниот линк.

Целосното истражување за Македонија е достапно овде.

Одговорениот прашалник е достапен на следниот линк.