/ Прочитано:

1.157

ИСТРАЖУВАЊЕ: Платата во медиумите заглавена под просекот

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек, кој изнесува 22.808 денари, a 85 проценти имаат плата помала од вредноста на потрошувачката кошница.

Ова го покажа новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и август годинава.

Истражувањето на  ССНМ дава одговор и на прашањето колкумина од новинарите сега имаат загарантирано работно место, а колкумина, пак, се ангажирани на определено време или се хонорарци.

Податоците се загрижувачки, бидејќи повеќе од половината или околу 54 проценти од медиумските работници и новинари не се вработени постојано, односно немаат договори на неопределено време и тоа – 35 проценти се на определено време и 19 отсто се ангажирани хонорарно, што значи дека секој петти вработен во медиумите може да биде отпуштен секој момент.

Податоците укажуваат и дека работата во порталите за новинарите и медиумските работници е понесигурна и пониско платена.

Целото истражување е достапно на следниов ЛИНК.