/ Прочитано:

1.505

ИСТРАЖУВАЊЕ: Во 2016 година адвокатските фирми низ светот одвоиле 2,5 милиони часа за про боно случаи

Светскиот про боно индекс го составуваат Фондацијата „Томсон Ројтерс“ и глобалниот про боно сервис „Траст ло“. Годинава повеќе од 130 адвокатски фирми одговориле на поканата да бидат дел од истражувањето кое опфаќа 64 илјади адвокати од 75 земји.

Илустрација про боно

Правниот директор на Фондацијата „Томсон Ројтерс“, Николас Гличер, кој има работено како адвокат во Лондон и во Чикаго и кој негодува на шегите за адвокатите во кои тие се претставени како негативци, вели дека третото годишно истражување за про боно активностите на адвокатските фирми го докажува токму спротивното.

Истражувањето на Фондацијата „Томсон Ројтерс“ покажало дека е во пораст про боно застапувањето – од Кина, каде што адвокатите пријавиле дека во просек работат по 37 часа годишно на про боно случаи, па сè до Јужна Африка, каде што адвокатските канцелари, кои биле дел од истражувањето, пријавиле дека нивните адвокати работеле по 10 часа про боно во 2015, што покажува дека има надеж.

„Насекаде во светот, доколку некој дојде и каже: ’Ми треба помош’, адвокатите одговараат позитивно“, вели Гличер.

Светскиот про боно индекс го составуваат Фондацијата „Томсон Ројтерс“ и глобалниот про боно сервис „Траст ло“. Годинава повеќе од 130 адвокатски фирми одговориле на поканата да бидат дел од истражувањето кое опфаќа 64 илјади адвокати од 75 земји.

Како што е наведено во истражувањето, фирмите што биле дел од истражувањето донирале 2,5 милиони часови за работа на про боно случаи, во кои биле опфатени социјални или индивидуални случаи. Малите адвокатски фирми работеле на про боно случаи во просек по 42 часа по адвокат.

Меѓутоа, она што не го покажуваат бројките, вели Гличер, е тоа што во светот сè повеќе се става фокус на тоа про боно активностите да бидат институционализирани, а не само да се обезбедува помош во ад хок случаи.

Во САД, адвокатските фирми водат евиденција за тоа колку време одвојуваат за про боно случаи адвокатите, и најчесто имаaт и координатор кој ги мери про боно часовите со цел адвокатите ефективно да го користат своето време за работа на непрофитни случаи.

Иако повеќето од адвокатските фирми кои биле дел од истражувањето немаат толку официјални политики за про боно случаи, во изминатите три години, од индексот на про боно работа се забележува дека фирмите веќе почнуваат да воспоставуваат политика на про боно застапување и да водат евиденција за тоа колку време посветуваат на вакви случаи“, вели Гличер.

Адвокати, илустрација

Податоците од истражувањето во адвокатските фирми во Кина покажуваат дека се зголемува интересот на фирмите да бидат дел од вакво истражување. Во 2015 година само 18 фирми одговориле на анкетата за тоа колку часа издвојуваат за про боно случи, а пак во 2016 година бројот на фирми што го сториле истото изнесува 26, и тоа се фирми кои најмногу работат интернационално. Во просек, часовите што еден адвокат ги посветува на про боно случаи се зголемуваат и се движат од 19 до 37 часа годишно по адвокат. Расте и процентот на адвокати кои издвојуваат по 10 часа годишно за про боно случаи во споредба со 2015, кога изнесувал 25, оваа година изнесува 34 %.

Проблемот со про боно случаи се појавува во земјите што имаат нестабилни правни системи, како што се: Јужен Судан или Централноафриканската Република. Интернационалните фирми кои најчесто работат на про боно случаи исто така не отвораат канцеларии во овие земји токму поради правната несигурност. Изненадува фактот дека работата на про боно случаи е малку застапена и во скандинавски земји, но тоа е така од сосема поинакви причини – социјалната стабилност во Северна Европа е толку силна што има и помала потреба од про боно услуги.

Само една адвокатска канцеларија од Македонија била дел од истражувањето. Според истражувањето, адвокатската канцеларија одвоила околу 40 минути за работа на про боно случаи.

Целта на индексот, според Гличер е двослојна: да им се помогне на адвокатските фирми најдобро да ги распределат своите часови за про боно услуги и да воведат поголема транспарентност при давањето вакви услуги. Според него, истражувањето веќе ја постигнало целта бидејќи, кога прв пат било спроведено во 2014 година само 103 адвокатски фирми и 36 илјади адвокатите ги пријавиле своите  про боно часови, а оваа година бројот на адвокатски фирми изнесува 130, а бројот на адвокати е двојно е зголемен во споредба со првото истражување.

„И, секако, тоа е и вкупната бројка од 2,5 милиони часови за про боно случаи, што навистина ме прави горд што сум дел од правниот сектор“, вели Гличер.