/Прочитано:

284

ИВАНОВ: Објавувањето на законите без потпис од претседателот на РМ е противуставно

Објавувањето на Законот за употреба на јазиците и на Законот за ратификација на Спогодбата од Преспа во Службен весник без потпис на указот од претседателот на Република Македонија е противуставно, вели претседателот на РМ, Ѓорге Иванов.

„Со доставувањето на овие два закона во Службен весник е прекршен член 75 од Уставот на Република Македонија, додека објавувањето на законите е направено незаконски и претставува основа за кривично гонење.

Ова е момент кој ќе покаже дали во Република Македонија постои Уставен суд, дали функционира обвинителството, дали има независно судство и дали постои владеење на правото.

Се прашувам дали високите претставници на меѓународната заедница, кои ја поддржуваат оваа владина коалиција, ќе се јават и ќе го поддржат овој начин на донесување на закони?

Дали ќе ги поддржат овие преседани што носат несогледливи последици и штета по правото и правната држава и дали вакви преседани применуваат во сопствените држави?“, нагласува претседателот Иванов.

Денеска со соопштение излезе и Јавното претпријатие „Службен весник“ по повод објавата на Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Преспанскиот договор.

Од „Службен весник“ сметаат дека објавувањето е во согласност со Уставот и законите, иако претседателот Иванов не ги потпиша законите.

Исто така, денеска од најголемата опозициска партија, ВМРО – ДПМНЕ, реагираа за официјалното објавување на Законот за употреба на јазиците без потпис од претседателот Иванов.

„Го предупредуваме директорот на Службен весник, Мартин Костовски, дека објавувањето на Законот за јазици во Службен весник е кривично дело кое не застарува. Сите инволвирани ќе сносат одговорност за насилното кршење на законите, процедурите и уставноста при носење на истите закони“, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Во членот 75 од Уставот на РМ се пропишува дека законите се прогласуваат со указ. Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.

Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците објавен со фуснота на местото за потпис на Иванов

ИВАНОВ: Станавме држава на слободно толкување на Уставот и законите

Годишно обраќање на претседателот Иванов

Обвинителството постапува по две анонимни кривични пријави за претседателот Иванов

Претседателот на Собранието нема да го потпише Законот за употреба на јазиците наместо претседателот на Републиката

Што предвидува Законот за употреба на јазиците за постапките пред судовите, обвинителствата, извршителите и нотарите

ИВАНОВ ЗА ЗАКОНОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ: Уставот и совеста не ми дозволуваат да ставам потпис на Указ за прогласување на ваков закон

Постапката по непотпишување на указот и укажувањата на претседателот на РМ во врска со Законот за употреба на јазиците

Уставните и законските одредби за прогласувањето на законите и потпишувањето и објавувањето на актите

Што предвидува Законот за употреба на јазиците донесен од Собранието на Република Македонија

Законот за употреба на јазиците, за кој се поднесени рекорден број амандмани, повторно пред пратениците

М.В