/ Прочитано:

1.378

ИВАНОВ ЗА ОДЛУКАТА НА УСТАВЕН СУД: Ни на крај памет не ми е да помилувам педофили, наркодилери и силеџии на избори

„Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата“, изјави Иванов.

Ivanov pretsedatel

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, им порача на граѓаните да бидат спокојни бидејќи, како што потенцира во денешната изјава, ни на крај памет не му паднало и нема да му падне да помилува педофили, наркодилери, силеџии на избори, терористи и екстремисти.

„Како и досега, ќе го правам исклучиво она што е исправно и она што е во интерес на државата“, изјави Иванов на прашање дали ќе ги искористи вратените ингеренции по одлуката на Уставниот суд за укинување на Законот за изменување и дополнувања на Законот за помилување.

Во реакција на Кабинетот на Претседателот пред два дена беше потенцирано дека Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи во согласност со постапката и одредбите од Законот за помилување.