/ Прочитано:

1.399

Изборниот законик изменет. Избришан датумот за одржување на предвремените парламентарни избори

Со членот 1 се предлага бришење на членот 82 од Законикот. Во членот 82 точно е утврден датумот 5 јуни 2016 година како ден на одржување на предвремените избори за пратеници и соодветни забрани за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми.

Гласање

Имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд на Република Македонија од 18 мај 2016 година, пратеникот на ДУИ Талат Џафери поднесе предлог за измена на Изборниот законик по скратена постапка, кој Собранието вчера го усвои.

„Со Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија број 196/15 и 35/16), во преодните одредби, членови 82 и 83, предвидено е предвремените избори за пратеници да се одржат на 5 јуни 2016 година и утврдени се соодветни забрани и обврски за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми.

Имајќи ја предвид Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија од 18 мај 2016 година, предлагам бришење на овие одредби од Законикот“, се наведува во предлогот на Џафери.

Со членот 1 се предлага бришење на членот 82 од Законикот. Во членот 82 точно е утврден датумот 5 јуни 2016 година како ден на одржување на предвремените избори за пратеници и соодветни забрани за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми.

Со членот 2 се предлага бришење на членот 83 од Законикот. Во членот 83 исто така точно е утврден датумот 5 јуни 2016 година како ден на одржување на предвремените избори за пратеници и соодветни обврски за радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми.

                                                                  Член 82
                (1) Заради организирање на предвремени избори за пратеници кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година, забрането е платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) во периодот од 27 февруари 2016 година до денот на почетокот на изборна кампања за предвремените парламентарни избори во 2016 година.
                (2) Заради организирање на предвремени избори за пратеници кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година, дозволено е политичко рекламирање на рекламните паноа и билборди заклучно со 27 февруари 2016 година, како и за време на изборната кампања
                                                                  Член 83
                Од денот на влегувањето во сила на овој Законик до денот на одржување на предвремените изборите за пратеници кои ќе се одржат на 5 јуни 2016 година, радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од Буџетот на Република Македонија, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.