/Прочитано:

881

Изборот на членови на Владата и огласот за избор на членови на ДИК на собраниска седница

Собранието на РМ денеска треба да ја одржи 49-тата седница, на која на дневен ред се точките за избор на членови на Владата на Република Македонија и именување на заменици на министрите во Владата на Република Македонија.

За министер за правда се предлага Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за министер за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.

За заменик-министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик-министер за здравство Асим Муса, за заменик-министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за заменик-министер за транспорт и врски Садик Беќири.

На денешната седница на дневен ред е и Предлог-одлуката за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија, поднесен од  пратениците Томислав Тунтев, Драган Данев, Реџаиљ Исмаили.

M.В