/ Прочитано:

1.551

Избрани членовите на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судии

Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Македонија, на седницата одржана на 25.1.2018 година, ги избра членовите на Советодавното тело за судиска етика на Здружението на судии на Република Македонија, кое е предвидено во рамките на Кодексот на судиска етика на судиите на Република Македонија. Ова тело има советодавен карактер за прашањата кои се однесуваат на повреди на принципите на Судискиот кодекс. Советодавното тело брои 7 (седум) члена. На седницата беа избрани 6 (шест) члена од предложените кандидати, по пат на поединечно изјаснување на членовите на Управниот одбор. Во однос на седмиот член предложен од подружницата на Врховниот суд на Република Македонија, Управниот одбор дополнително ќе се произнесе.

На седницата Управниот одбор расправаше и за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судови и за Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за Судски совет, на која членовите на Управниот одбор ги искажаа своите забелешки, кои ќе бидат составен дел на забелешките што треба да пристигнат од подружниците на Здружението на судии на РМ, кои ќе бидат доставени до Владата на Република Македонија

И на оваа седница Управниот одбор расправаше за платите и други статусни прашања на судиите, при што заклучи да се преземат дополнителни активности со цел доследно почитување на Законот за платите на судиите.