/ Прочитано:

855

Избрани нови градоначалници на 43 општини и на Град Скопје

Според првичните податоци објавени од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш. Нов градоначалник на Скопје е Данела Арсовска, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“

Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.

Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово.

ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари. Независни кандидати победија во  Дебрца, Куманово и Скопје.

Учесниците во изборната кампања да достават извештај за примените донации, укажуваат од ДЗР

ДИК: Управниот суд за важечки прогласи гласачки ливчиња без печат

ДИК ги поништи измените на Упатството за важечки и неважечки ливчиња

ДИК го измени Упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња

ДИК ги соопшти резултатите од локалните избори

JO: Голем број поднесоци за изборни нерегуларности

Обвинителството постапува по повеќе предмети во врска со локалните избори

Кривичниот суд: Изработени 3500 уверенија и потврди од кривичната и казнената евиденција во врска со локалните избори

Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите започнува утре 

М.В