Избрани обвинители во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција
Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.
М.В