/ Прочитано:

3.300

Изгласан е Законот за спречување и заштита од дискриминација – реакции на МТСП и МЗД

МТСП: Изгласан е Законот за спречување и заштита од дискриминација, градиме општество со еднакви права за сите 

„Во пресрет на Меѓународниот ден против хомофобијата вчера во Собранието нa Република Северна Македонија по втор пат беше изгласан Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој стапува на сила веднаш по потпишувањето од претседателот на државата.

Со овој закон градиме општество со еднакви права за сите и овозможуваме еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија. Основа за донесување на овој закон е Уставот на Република Северна Македонија , во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex generalis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Законот за спречување и заштита од дискриминација со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет ја проширува заштитата од дискриминација кон оваа група на граѓани. Ова законско решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани. Основа за донесување на овој закон е токму Уставот на Република Северна Македонија, во кој се утврдени основните слободи и правата на човекот и граѓанинот.

Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обединетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ – ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија со ова ново законско решение прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го  законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди за човекови права.

На иницијатива и со поддршка на Министерството за труд и социјална политика буџетот на Комисијата за заштита од дискриминација за 2019 година е зголемен од 6.652 милиони денари на 15.138 милиони денари. Буџетот е зголемен со цел спроведување на новите надлежности на Комисијата предвидени со новиот закон. Согласно со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, во рок од 3 месеци по неговото влегување во сила Собранието треба да направи избор на новата Комисија за заштита од дискриминација. Истовремено со новиот закон се предвидува формирање и на стручна служба.

МТСП им го честита на сите граѓани и граѓанки Меѓународниот ден против хомофобијата, како и историскиот успех кој го постигнавме денеска – носење законско решение кое овозможува еднаква заштита и еднакви права за сите“, се вели во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

МЗД: Будно ќе го следиме спроведувањето на усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација, која повеќе години активно работи на развој на домашна практика за заштита од дискриминација, а од 2018 година има цел и да ја следи и да ја мониторира примената на долгонајавуваниот нов Закон за спречување и заштита од дискриминација, го поздравува усвојувањето на Законот.

Со новиот закон и со проширувањето на основите на дискриминација, од една страна, се нуди подобра заштита на основните човекови права за сите граѓани, особено за оние кои се наоѓаат на маргините на општеството, а од друга страна, се покажа политичка волја за исполнување на обврските на државата пред меѓународните тела за човекови права, кои веќе дадоа позитивно мислење и препораки за донесување на овој закон.

„Овој закон нуди услови за избор на независна и професионална Комисија за заштита од дискриминација бидејќи членовите на Комисијата, покрај искуство со работа во областа на човековите права, треба да имаат искуство и со работа во областа на нееднаквост и недискриминација, како и да не се носители на функции во политички партии. Поради ова сметаме дека што побрзо треба да се пристапи кон формирање на нова независна, ефикасна и професионална комисија, која ќе ја препознава дискриминацијата за сите граѓани подеднакво.

Како граѓански организации будно ќе го следиме спроведувањето на усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, МЗД очекува и исполнување на препораката на Европската комисија за усогласување на останатата законска регулатива со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација“, истакнуваат од Мрежата.

Во Мрежата за заштита од дискриминација членуваат следните организации: Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција Маргини, Фондација Отворено општество – Македонија, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, РОМА СОС – Здружение Ромска организација за мултикултурна афирмација.

КЗД утврди дискриминација врз основа на пол во оглас за вработување

Жените почесто од мажите се обраќале до Комисијата за заштита од дискриминација

Најмногу претставки за дискриминација врз основа на личен и општествен статус и од областа на работните односи

Истражување: Жените се многу повеќе изложени на родово базирана дискриминација на работното место отколку мажите

Скопски ресторан упати јавно извинување за дискриминацијата врз девојка која носела хиџаб

Комисијата за заштита од дискриминација за првпат утврди дискриминација по спроведено тестирање на ситуација

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за спречување и заштита од дискриминација

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В