Изгласан новиот состав на Европската комисија
Европскиот парламент го изгласа новиот состав на Европската комисија. Претседателка на Комисијата е Урсула фон дер Лајен, која ќе го почне својот петгодишен мандат на 1 декември. Таа денеска изјави дека како Комисија ќе бидат посветени на трансформацијата на секој дел од општеството и економијата. Новата претседателка на Комисијата рече дека вратите на ЕУ за Западен Балкан остануваат отворени.
М.В