/ Прочитано:

878

Изгласан ребалансот на Буџетот

Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2019 година. Со Буџетот, како што образложија од Владата, се обезбедуваат средства за непречено функционирање на новоформираната Агенција за национална безбедност, во износ од 99 милиони денари, обезбедување на дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите, средства за колекторски систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО.

Измените во Буџетот за 2019 година, меѓу другото, обезбедуваат дополнителни средства во износ од 244 милиони денари за правосудниот систем, односно судството и обвинителството со цел јакнење на финансиската состојба и решавање на прашањето поврзано со исплатата на надоместоците на вработените во овој ресор. Предвидени се и средства за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица во износ од 300 милиони денари со што ќе се обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, и ќе влијае на намалување на даночната евазија и сивата економија.

Со ребалансот на Буџетот се обезбедува мерката субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, во износ од 400 милиони денари, која има цел да стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор преку финансиска поддршка за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата на вработените до 100 евра. Исто така, предвидени се дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин во износ од 193 милиони денари, како и алоцирање на дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања. Предвиден е поголем трансфер од Буџетот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување, од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб, во согласност со месечните исплати за бројот на осигуреници, што во суштина го потврдува и трендот за зголемување на вработеноста.

Утврден дополнетиот предлог за измени на Буџетот

Пред Комисијата за буџет продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Ребалансот на Буџетот на дневен ред на собраниските комисии

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

М.В