Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните
Собранието со 68 гласа ја изгласа Одлуката за распишување референдум за името, кој ќе се одржи на 30 септември. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето.
Во Одлуката се предвидува дека на референдумот граѓаните ќе се изјаснат за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“
Според Одлуката, референдумот ќе се одржи на 30 септември 2018 година, а ќе го спроведе Државната изборна комисија.
Собранието ја усвои и Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници, со која се обезбедуваат средства за спроведување на референдумот на државно ниво во 2018 година.
Со прераспределбата, велат од Министерството за финансии, се кратат помали суми од повеќе поголеми буџетски корисници, а се алоцираат 210,4 милиони денари за спроведување на референдумот.
Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, како што е наведено во Предлог-одлуката, Собранието на РМ законски го ратификуваше како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера соопштија дека не ја поддржуваат иницијативата за референдумот поради референдумското прашање кое за нив не е прифатливо.
Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници
Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО
Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда
Собранието го ратификуваше договорот со Грција
Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка
Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција
Владата го објави текстот на договорот со Грција
М.В