/ Прочитано:

1.319

ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА СТУДЕНТСКИОТ СТАНДАРД: Туторската активност – дополнителна можност за добивање стипендија

Целта на предложените законски решенија е да се дополни Законот со нови одредби со кои се дава можност студентот да биде тутор на ученици од основно и средно образование и со тоа да добие дополнителни поени ако конкурира за добивање стипендија.

Илустрација пишување

Измените и дополнувањата на Законот за студентскиот стандард, за кои постапката за изменување беше започната во јуни годинава, стигнаа во Собранието.

Како што се наведува во предложениот текст, целта на предложените законски решенија е да се дополни Законот со нови одредби со кои се дава можност студентот да биде тутор на ученици од основно и средно образование и со тоа да добие дополнителни поени ако конкурира за добивање стипендија.

Измените и дополнувањата на Законот ќе се засноваат на истите начела на кои се заснова Законот за студентскиот стандард.

Решенијата  предвидени со измените и дополнувањата на Законот се во насока на регулирање на туторството на студентот, стои во Законот.

Во објаснувањето на членовите кои се менуваат во Законот се наведува дека со членот 1 се додава нова алинеја 4 во членот 48 ставот 2 по алинејата 3, со која се уредува учеството на студентот во Програмата за обезбедување на туторство на ученици од основното образование, односно Програмата за обезбедување на туторство на ученици од средното образование.

Со членот 2 се додава нова алинеја по алинејата 29 во членот 49  во ставот 4, која гласи: „потврда за успешно учество согласно Програмата за обезбедување на туторство на ученици од основното образование, односно  Програмата за обезбедување на туторство на ученици од средното образование.“

Во измените се наведува дека последици што ќе произлезат од предложените решенија се дека ќе им се даде можност на студентите да го надградат своето знаење како тутори, што ќе им послужи при нивно идно работно ангажирање.