/ Прочитано:

756

Измени и на Законот за заштита на децата и на Законот за социјалната заштита

„Владата го утврди Предлог-законот за дополнување на Законот за заштита на децата во кој се додава нова одредба со која корисниците на правото на додаток за образование се ослободуваат од обврската децата да присуствуваат на најмалку 85% од вкупниот број на реализирани наставни часови во услови на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди).

Утврден и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита, со цел да им се овозможи лицата кои добиле извод од посебната матична книга на родени и идентификациона исправа, согласно со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, да остварат  права од социјалната заштита.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита за октомври 2020 година и го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги достави податоците за корисниците на парични права по сите основи до деловните банки најдоцна до 03.11.2020 година, односно до 05.11.2020 година.

Во врска со оваа информација Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец октомври преку банкомати и во трговските мрежи од 04.11.2020, односно 06.11.2020 година“, соопштуваат од Владата.

М.В