/Прочитано:

1.804

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Министерот за финасии Драган Тевдовски денеска ја презентираше даночната реформа со која се предлага воведување на праведен данок.

„Праведното оданочување е стандард во најуспешните економии во светот. Доминира во Европската Унија и го има во САД. Рамниот данок беше карактеристика на поранешните социалистички земји, но и тие во последно време го напуштаат. Од нашите соседи Албанија го замени рамниот данок со прогресивен во 2014 и оттогаш има одлични резултати.

Корист од рамниот данок имаат само најбогатите. Тој беше воведен во Македонија да им служи на малкумина кои заработуваа многукратно повеќе од најголемиот дел од граѓаните. Тој им дозволи на најбогатите да се богатат уште полесно, оставајќи го мнозинството да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот.Праведниот данок и оди во прилог на целата економија и на сите граѓани“, рече Тевдовски.

Предлагаме, додаде министерот,  воведување дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. Ова значи дека за доходот до 90.000 денари месечно, данокот би останал 10% како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8%. На пример, на месечна даночна основа од 100.000 денари, за 90.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 10%, додека за 10.000 денари ќе се плаќа данок по стапка од 18%.

„Ова значи дека за мнозинството граѓани даночната стапка ќе остане иста! Прагот од 90.000 денари го избравме затоа што ги опфаќа најдоходовните 1% од населението во Македонија. Најдоховните 1% имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од онаа на останатите. Ова не е праведно. Тие кои добиваат најмногу од општеството да плаќаат најмалку. Затоа, ние предлагаме воведување на праведен данок.

Освен оваа промена, го зголемуваме даночното ослободување (намалување) кај платите и пензиите, односно делот на кој не се плаќа данок на 8.000 денари месечно. Со тоа, ја намалуваме ефективната даночна стапказа лицата што остваруваат доход од плати и пензии, особено за оние со пониски примања.

Ефектите од промените се такви што бруто плата од 140.000 денари месечно, која моментално е еднаква на 92.733 денари нето, по промената би била еднаква на нето-плата од 92.444 денари. Со други зборови, дополнителниот данок за бруто-плата од 140.000 денари месечно изнесува 289 денари, односно 0,2% од бруто-платата. Со овие средства ќе се финансира социјалната реформа. Таа има за цел да ги извлече од сиромаштија ранливите категории на граѓани“, истакна министерот за финасии.

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В