/ Прочитано:

1.228

Измени на Кривичниот законик во врска со криминалот од омраза

Министерството за правда започнува процес за подготовка на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик во однос на областа поврзана со криминалот од омраза.

„Целта на Законот е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди во сферата на криминалот од омраза. Претстојните измени и дополнувања на Кривичниот законик ќе опфатат измени и дополнувања во одредбите со кои е санкциониран криминалот од омраза“, велат од Министерството за правда.

М.В